Состојки богати со витамин А кои треба да се дел од вашата исхрана

Ако ви е важно да го подобрите имунолошкиот систем, тогаш еден од витамините на кои треба да обрнете внимание е витаминот А.

Тој е присутен во различни состојки, а освен подобрување на имунитетот помага и за здрава и младешка кожа и подобрување на здравјето на очите.

Според препораките од медицинските експерти, дневно препорачаната доза за овој витамин изнесува околу 700 мцг за жените и 900 мцг кај мажите, но сепак тоа зависи од различни фактори, како полот, возраста и здравствената состојба.

Витаминот А можете да го најдете во следните состојки.

Кашкавал

Иако многу нутриционисти препорачуваат да се избегнува честиот внес на млечни производи, кашкавалот е една од состојките кои содржи витамин А и тоа само едно парче содржи 6% од дневно препорачаната доза. 

Јајца

Тие се одличен начин за почеток на денот, а само едно јајце содржи околу 16% од дневно препорачаната доза од овој витамин. Предлагаме да појадувате омлет со зеленчук и билки, што ќе ви помогне да го започнете денот со корисни состојки.

Црн дроб

За оние кои го сакаат месото, овој животински орган е вистинско богатство на витаминот А. Тој содржи толку многу од овој витамин, што дури се препорачува и да го избегнуваат бремените жени. Само едно парче пилешки џигер содржи 62% од дневно препорачаната доза. 

Млеко

Доколку ги сакате млечните производи, млекото е одличен избор да внесувате повеќе од овој витамин. Само една шолја кравјо млеко содржи 5% од дневно препорачаната доза на витамин А. 

Моркови

Се сеќавате кога вашите родители ви велеа да јадете моркови за очите? Овој зеленчук е корисен за здравјето на очите поради високото количество на бета-каротен кој му помага на телото да го конвертира во витамин А.

Спанаќ

Спанаќот е суперхрана која содржи многу витамини и минерали, а витаминот А е една од нив. Можете да го користите како база за салати, во чорба или пак како додаток во утринското смуди. Само една шолја листови од овој зеленчук содржат дури 55% од препорачаната доза од овој витамин.