Состојбата алармантна: И по пет млади лица за една ноќ завршуваат во Брзата помош поради земање екстази во големи количини

Младите многу лесно и на многу места можат да купат дрога и во последно време освен традиционалните дроги, ги конзумираат хемиските дроги и посовремената дрога кокаинот, за која постојат индиции дека се преработува во импровизирани лаборатории во повеќе балкански земји. 

Нешто што во последните периоди е многу популарно кај младите генерации е конзумирањето на дрогата екстази. Младите многу често ја користат како дрога за забава, но проблемот е што не ги знаат штетните последици од истата.

Последиците од екстази може да бидат со фатални исходи, хиперпирексија (зголемена температура), дехидрација (губење на течност) и срцева слабост. 

Од четворица до петторица тинејџери само за една ноќ завршуваат со брзата помош поради земање екстази во големи количини.

Докторите велат дека состојбата е алармантна и апелираат поголема свесност кај младите и кај нивните родители, бидејќи многу често животот им е на граница. Најмногу повици има за викенд, тогаш интервенциите стигнуваат и до 120.

„Има деца средношколци студенти, кои буквално се без свест. Мора да се влијае, многу со алкохол кои возат. Викендите се навистина за сериозни размислувања, во делот на безбедност по живот без да се разболите“, за Канал 5, објаснува др. Ѓорѓи Карамановски од Брза Помош.