Состојба на патиштата: Коловозите се влажни, внимавајте додека возите

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила

Од 4:50 поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар - Маврово.

Од 08:30ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража.

На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Во северните и североисточните краеви на земјата поради паѓање на снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.