Состојба на патиштата и граничните премини

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е со значителен обем. На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од Републиката, соопшти утрово АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, но АМСМ, сепак, препорачува прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Ова особено важи за патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, како што се делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.