Соселани од скопско Ново Село не се поднесувале, па се степале

Вчера во скопската полиција било пријавено дека соселани од скопското село Ново Село, по претходно меѓусебно нетрпение се степале со што го нарушиле јавниот ред и мир.

„На 09.06.2025 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, скопско, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.В.(35) и Ј.В.(37) од една страна и З.Т.(48) од друга страна, сите од с.Ново Село“ стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.