Соседска тепачка во Гази Баба: 70-годишник завршил со тешки повреди

Рано изутринава во полиција било пријавено насилство кое се случило вчера на подрачјето на Гази Баба. 70-годишник бил нападнат од помладиот сосед при што бил тешко повреден. 

- На 25.03.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба, во домот на неговиот сосед В.Д.(39), по претходно недоразбирање, истиот физички го нападнал, при што пријавителот се здобил со тешки телесни повреди, соопштија од полицијата за случајот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.