Сопственик на трговски објект затекнал крадец, спречена поголема кражба

На 05.10.2021 во 14.30 часот на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.М.(31) од Скопје.

Тој бил затекнат од сопственик на правен субјект во трговски центар при обид да изврши тешка кражба. И.М. бил приведен во полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.