Сопственик на скопска кафеана натепал поранешен вработен поради недоразбирање околу исплата на дневници

Сопственик на угостителски објект физички нападнал поранешен вработен поради недоразбирање околу исплата на дневници.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 30.05.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријавил дека на 26.05.2026 во угостителски објект на подрачјето на Центар, каде претходно работел, поради недоразбирање околу исплата на дневници бил физички нападнат од сопственикот на објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.