Сопственичката на „Промоиталија“ е добитник на награда на Balkan Business Woman Awards 2024 во Белград

Вчера во српската престолнина се одржа свечен настан на кој беа промовирани најуспешните бизнис дами во регионот. Олгица Стојимировиќ сопственик на „Промоиталија“ е единствената дама од Македонија која доби награда и беше дел од годинешниот настан. 

Настанот BALKAN BUSINESSWOMEN AWARDS е еден од начините да се претстават успешните жени и организациите и на тој начин јавноста да види дека преку успехот е возможен преку напорна работа, добра организација и пожртвуваност. Успешните дами се поттик за многу други да работат напорно, да се трудат и конечно да успеат да ги остварат своите соништа. Идејата на настанот е да промовира женското претприемништво и успешен бизнис и на тој начин да го поттикне севкупниот економски и социјален развој во општеството.

Ова не е прва награда за Стојимировиќ, таа е добитник на награда за најуспешните претприемачи до 40 години, награда за естетски центар на годината, како и награда дама – претприемач во 2015 година.

Во кратка изјава за Скопје Инфо Стојимировиќ вели дека ваквите награди се поттик за работа, но и уште една потврда дека жените знаат како и можат да бидат успешни менаџери. 

Инаку, Anti Aging Center by Promoitalia е прв од овој вид во Македонија и единствениот носител на брендот Promoitalia на Балканот. Наградите и признанијата се само потврда за посветеноста во работата и високиот квалитет на услуга.