
Маж и жена од Карпош се пријавиле во полиција за насилство. Полицијата го расчистува случајо.
- На 14.05.2026 во 06:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријави дека околу 00:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот 49-годишен сопруг, кој и претходно психички и физички ја малтретирал, но досега не го пријавила. Додека, пак, во 06:55 часот во СВР Скопје, 49-годишниот маж пријави дека околу 00:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата 33-годишна сопруга и напоменал дека во изминатиот период бил психички и физички малтретиран од неа, информираа од полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.