Сопругата на Иванов подели пакетчиња на Детска клиника

Сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова денеска на дечињата кои се лекуваат на Детската клиника им подели новогодишни пакетчињата, посакувајќи им колку што е можно побргу да оздрават.

– Пакетчињата што ги подарив барем за миг ја вратија насмевката на детските лица, а на секое од нив му посакав една единствена и голема желба, а тоа е во новата година што побргу да оздрават, истакна Иванова.

Посочи дека, водена од семејните вредности и како сопруга и како мајка, во изминатите десет години несебично се вложувала преку нејзините активности токму на Детскатата клиника.

– Особено сум горда што зад себе оставам два големи проекти што се спроведоа под мое покровителство, а со голема финансиска помош на турската агенција „Тика“, тоа е отворањето на Детскиот ургентен центар и целосното реновирање на оддеделот за интензивна нега, нагласи Иванова.

Таа на сите им ги честита новогодишните и божиќните празници.