Сообраќајот низ скопските улици утрово (фото)

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овие утрински часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници, поради снежните врнежи што паѓаа во текот на ноќта и снегот што се задржува на коловозите, се одвива отежнато, но без застој. 

Поголем број возила во овој период од денот ЦУКС евидентира долж булеварот Александар Македонски од влез на Скопје кон клучката Континентал, долж улицата Свети Кирил и Методиј и булеварот Свети Климент Охридски во насока на движење кон булевар Мајка Тереза, долж булеварот Кузман Јосифовски Питу од Аеродром кон Центар, долж булеварот Киро Глигоров во насока од мост Тодор Александров кон населба Автокоманда, со тоа што приливот на возила се забележува од булевар Србија, долж мостот Гоце Делчев во двете насоки на движење, долж булеварот 8ми септември од улица Скупи кон крстосница со булевар Илинден како и долж улицата 11 октомври во двете насоки на движење.

Екипите на ЈП Улици и Патишта, апелираат до сите граѓани да не се паркираат на коловозите за да може чистењето на снегот да се одвива непречено, но и до учесниците во сообраќајот да возат внимателно, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот .

(Известувањето се однесува за состојбата во сообраќајот во 8:30 часот, за ден 26.02.2018 понеделник).

Се очекувас врнежите са бидат пообилни во ноќните часови. Температурата ќе се движи од минус 4 до 3 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура околу нулата.

И во наредните три дена времето ќе биде променливо, облачно и студено. Дневните температури ќе се движат од -2 до 5 степени, а утринските од -13 до -6 степени.