Сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници, се одвива непречено и без застој

ЦУКС известува дека во овие утрински часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници, се одвива непречено и без застој.
Поголем број возила се забележува единствено долж :
-бул. Гоце Делчев во двете насоки,
-ул.Свети Кирил и Методиј кон бул. Мајка Тереза,
-бул. Киро Глигоров во двете насоки,
-ул. Перо Наков кон к-ца со бул. Киро Глигоров.

Поради дефект на вертикалната сигнализација на к-цата меѓу бул. Србија, 3-та Македонска бригада и 12-та Македонска бригада, на овој потег во утринските часови се создава поголем метеж, па оттука ЦУКС апелира до сите возачи да бидат трпеливи и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.