Сообраќајните несреќи осма водечка причина за смрт на глобално ниво според СЗО

Бројот на смртни случаи како резултат на сообраќајни несреќи достигна 1,35 милиони во 2016 година, се вели во Глобалниот извештај за безбедноста на патиштата за 2018 година, објавен денес од Светската здравствена организација. Сообраќајните несреќи, исто така, се и осма водечка причина за смрт на глобално ниво, пред ХИВ/СИДА и туберкулоза.

Поранешниот градоначалник на Њујор и глобален амбасадор на СЗО за непреносливи болести и повреди напиша во предговорот на извештајот дека со посветување поголемо внимание на безбедноста на патиштата би можеле да се спасат многу човечки животи низ целиот свет.

Во извештајот се наведува и дека се направи подобрувања во овој поглед, но дека тие не се доволни за да се постигне целта на Обединетите нации бројот на смртни случаи предизвикани од вакви несреќи двојно да се намали меѓу 2016 и 2020 година.

Смртните случаи како резултат на сообраќајни несреќи моментално се водечка причина за смрт кај деца и млади луѓе на возраст меѓу 5 и 29 години.

Бројот на вакви смртни случаи продолжува да расте, но стапката на смртни случаи кои се резултат на сообраќајни несреќи опаѓа во однос на бројот на возила, се додава во извештајот. Во последните 15 години, оваа стапка е релативно непроменета и изнесува околу 18 смртни случаи на 100.000 луѓе.

Од Светската здравствена организација истакнуваат и дека во неразвиените земји шансите за смрт како резултат на сообраќајна несреќа се трипати поголеми отколку во развиените земји.