
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ќе го решава сообраќајниот хаос во Скопје со градски воз и додава дека ова е негов личен проект. Но за да се направи ова според министерот треба да се смени локалната власт во градот на нарените локални избори
„Тука, секако, можам да кажам е и мојот личен проект, кој се надевам дека в година ќе може да го видите сите, а тоа е градски воз. Да може во Скопје колку толку да го решиме сообраќајниот хаос што, секако, по локалните избори, со еден тим во Град Скопје, со кој ќе може да соработуваме, можеме да го надградуваме и со поефикасен јавен транспорт“, рече министерот Николоски.
Неговата замисла, според досегашните изјави во медиумите, е да се искористи постојната железничка инфраструктура во Скопје, како и постојните возови за граѓаните од населбите што се подалеку да имаат можност и на ваков начин да стигнат до центарот на градот.