Сообраќајниот хаос на Клинички чини животи

Големи дупки пред Ургентниот Центар го попречуваат сообраќајот. Тротоарите блокирани, а автомобили се паркираат на улиците.

Иста е состојбата и пред Детската клиника. Болничарите  тешко ги пренесуваат пациентите од клиника до клиника.

Граѓаните се револтирани од сообраќајниот хаос на Клинички. Се жалат дека движењето не им е безбедно  и доцнат на закажаните прегледи.

Најалармантна е состојбата во утринските часови кога е и најголемата гужва Дневно низ комплексот минуваат над 5000 пациенти, нивни роднини, но и околу 2000 вработени.

Монтажната катна гаража која беше најавена пред повеќе од една година никако да почне да се гради. На импровизираниот паркинг кај стара гинекологија се паркираат каде ќе најдат место.