Сообраќаjка во Скопје, повреден 22-годишник

Вчера, околу 15:00 часот во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возач на мопед и патничко возило. Едно лице е пренесено во болница, со тешки телесни повреди.

Како што стои во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 04.07.2022 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов“ и ул.„Козара“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“, управувано од С.Т.(40) од Скопје и мопед „Кимко“, управуван од Н.Ѓ.(22) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. 

Од несреќата возачот на мопедот Н.Ѓ. Се здобил со повреди, при што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во болницата, по преглед од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.