Ноќеска два часа по полноќ на улицата „Методија Андонов Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.П. (41) од Скопје, и патничко моторно возило „Рено Велсате“, исто така, со скопски регистраски ознаки управувано од А.Г. (40).
Од незгодата со телесни повреди се задобил Ф.П., кој со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош е препратен во Ургентен Центар-Скопје и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
За време на незгодата учесникот А.Г. се пожалил на повреди, но до завршување на увидот истиот не се јавил на лекарски преглед. Ивршен е увид на место на настанот.