Сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила во Скопје - едното во сопственост на МВР

Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило управувано од 33-годишен скопјанец, се судрило со патничко возило, сопственост на МВР. 

Несреќата се случила вчера (23.11.2022), околу 20 часот, на бул. „Александар Македонски“, во близина на клучка Ченто, информираат од МВР, а повредена е сопатничката од 33-годишниот скопјанец, како и возачот и сопатничката во возилото во сопственост на МВР.

На 23.11.2022 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на клучка Ченто, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Скопје и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „рено“, А.Н.(67) од Скопје и возачот и сопатничката во возилото „сеат“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - се наведува во соопштението на МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.