Сообраќајна несреќа на Водњанска - сообраќајот се одвива забавено

Автобус на ЈСП со број 57 се судри со пикап во центарот на Скопје на улицата Водњанска. 
Полицијата е на терен и го регулира сообраќајот кој се одвива отежнато со повремен застој.

Дел од возилата се пренасочуваат на околните улици. Се очекува официјална информација за евентуално повредени при сообраќајната несреќа.