Сообраќајна несреќа на булеварот Теодосиј Гологанов

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотор се случи на булеварот Метрополот Теодосиј Гологанов.

Очевидци велат дека до судирот дошло кога возачот на автомобилот се обидел на полни линии да влезе во спротивната лента и удрил во моторот.

МВР направи увид на самото место, а деталите ќе бидат познати во текот на денот.