Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, кај патарина Сопот

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, на околу 600 метри пред наплатната станица Сопот, јавува  ТВ21.

Според информациите, еден автомобил излетал од коловозот, додека пак сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На местото се уште нема пристигнато полиција, а нема ни поставено сообраќајни знаци, па затоа доколку патувате по овој патен правец, се препорачува внимателно возење.

Засега нема информации за евентуално повредени лица.