Сообраќајна несреќа: Кога и за што треба да повикате полиција?

Во летниот период зголемен е бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од нив се со потешки, но има и такви со полесни последици. При сообраќајна несреќа учесниците во сообраќајот најчесто имаат дилема дали да повикаат полиција или пак да пополнат Европски записник.

Во случај на помала материјална штета сообраќајната полиција вообичаено не извршува увид на несреќата, па затоа пред да ги отстраните возилата од патот за да се овозможи непречено проток на сообраќај, препорачуваме да ги фотографирате положбите на возилата и местото на несреќата од поголемо и од непосредно растојание, трагите од кочење, паднатите и скршени остатоци на тротоарот, оштетувањата на возилата итн.

Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата. Со пополнување на Европскиот записник не признавате вина, намената на Европскиот записник е исклучиво за собирање информации за несреќата. Возачите не смеат да го напуштат местото на несреќата се додека не го пополнат Европски записник за несреќата. Дополнителен опис на несреќата по потреба може да се дополни додатно на лист хартија.

Сообраќајна полиција се повикува задолжително во следниве случаи

  • губење на живот или повреда на било кој од учесниците во сообраќајната несреќа. Во овој случај јавете се на итна медицинска помош
  • настанување на голема материјална штета или едно од возилата е неподвижно
  • не постои јасна-изричита вина на еден од учесниците во незгодата
  • судир со неосигурано возило
  • судир со возило со странски регистарски таблички
  • алкохолизираност на возачот на возилото што бил вмешан во сообраќајната незгода
  • возење без возачка дозвола

Оштетувањето на возилото мора да биде непроменето се до поднесувањето на барање за пријава на штета до осигурителот, се до доаѓањето на претставник од осигурителната компанија за проценка на штетата