Сообраќајна некултура: Слика која ја гледаме кај Зелен пазар со години

Кога и да се мине кај автобуската постојка кај Зелен Пазар секогаш има пешаци кои ја минуваат улицата на неправилен начин, иако во непосредна близина од двете страни има пешачки премини. Слика која речиси и да нема скопјанец кој ја нема видено, a за жал сообраќајната култура ниту на пешците не се подигнува на ниво погоре за да претанат со оваа практика.

Корисниците на социјалните мрежи го осудија родителот бидејќи му дава лош пример на своето дете, но конкретно на оваа локација ваквите примери се навистина во голем број.