Сообраќајна култура „ни за лек“ - Сите имаат удел во овие трагични епилози

Втора човечка жртва на скопските улици за само една недела. Откако на пешачки премин беше прегзена 24-годишна девојка, вчера настрада и 76-годишен маж.

Неприлагодена брзина на сообраќајниците, несоодвентна сообраќајна инфраструктура, но и некултура кај пешаците, реагираат скопјани кои се потресени, но и револтирани што улиците и булеварите се претвораат во „бојно поле“, каде се чини човековиот живот нема цена само за да се стигне побрзо!

Еве што велат граѓаните во однос на ова прашање:

-Има луди шофери што возат некотролирано ко да улиците се нивна сопственост. Ама да се разбереме дека и пешаци претрчуваат сегде без око да им трепне, не дека е оправдување за било која сообраќајка. Општо кај нас недостига сообраќајна култура, нема ни за лек, без разлика во која улога се учесниците во сообраќајот. Жално за жртвата, не знам колку жртви треба да има пред казните да станат драконски.

-Не секогаш возачот е виновен, но сепак во сите поразвиени земји пешакот секогаш ама секогаш има предност, возилата пред секој пешачки премин намалуват со брзина до степен на застанување дури и ако некој пешак го започнал преминувањето улица дури и на црвено застануват и го пропуштат... Кај нас кога се во возилата како да се богови, зар не помислуват дека траума е и негова кога ќе дојде до ваков несакан инцидент... Многу многу шоферска едукација е потребна, не е само возачка да се земе... жално што ни се случува..

-Камерите да проработати да праќаат казни. Дополнително треба да се модернизираат семафорите на пешачките премини како и целата сигнализација околу нив.

-Скопје нема повеќе од 10 главни булевари. За МВР да има 24/7 присуство на сите булевари им требаа 80 полицајци (8 по булевар по 2 во смена). МВР има многу повеќе полицајци но не ги користи.

-Сите имаат удел во овие трагични епилози. Од домашното воспитување и несовесноста, преку школите за обука и комисиите за полагање возачки испит, па сѐ до надзорот на безбеднноста во сообраќајот. А последниов знае да постави екипа за мерење брзина на возила на автопат, на излез од тунел (?!) долг километар и со ограничување на брзината на 80 км/час. Таман за верижен судир во тунелор!

-Невозможно е да возиш 50km\h на булевари што се проектирани како автопат. Возам на Партизанска со 50h и ми свират автомобили да не го кочам сообраќајот.

- Казните треба да се најригорозни во регионот кај нас. Одземање на возачка дозвола, одземање на возило и јавно прикажување на сите оние што добиваат казни. А уште подобро, се ова преку системот за камери да се автоматизира и во живо да се објавува на сајтот на МВР.