Сообраќајки на пешачки, пешаците жртви - кој е виновен?

Голем број на  сообраќајки се случуваат секојдневно на скопските улици, жртви или стари лица или деца кои минуваат на пешачки. 

Јавноста е револтирана, реакциите се жестоки. 

Македонија заостанува зад европските држави во однос на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Анализите покажуваат дека во земјите од Европската унија во просек има 5,2 жртви во сообраќајот на 100.000 жители, а во Македонија 7,1 жртва на 100.000 жители.

Поради тоа од надлежните институции најавуваат наесен формирање извршно тело за безбедност на патиштата во кое ќе членуваат претставници од надлежните институции. Негова цел ќе биде да работи на зголемување на безбедноста на патиштата.   

Станува збор за поразителни бројки. Во земјите од Европската унија има во просек 5,2 жртви во сообраќајот на 100.000 жители, а во Македонија има 7,1 жртва на 100.000 жители.

Генерална оценка на учесниците е дека за да се зголеми безбедноста на патиштата потребна е рехабилитација на постојните патишта, проектирањето на новите патишта да се подигне на повисоко ниво, да има поголема совесност кај возачите и поголема контрола и казни од страна на надлежните институции. 

Според одредени анализи, споредено со 32 држави во Европа, Македонија е меѓу последните пет земји по безбедноста на сообраќајот.