Сообраќајна незгода, која за среќа завршила без сериозни повреди и жртви, се случила вчера попладне во скопската населба Волково.
Според информации од очевидци, возило кое се движело со непрописно голема брзина се превртело и завршило во дворот на една од локалните куќи.
Возачот, според неофицијални информации, се здобил со полесни повреди.