Сообраќајка во струшко, повредени две лица

60-годишен маж е тешко повреден во сообраќајка во струшко. 

На 05.06.2023 во 14.58 часот во ОВР Струга било пријавено дека на локалниот пат од с.Радолишта кон с.Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки, „бмв" управувано од А.К.(26) од с.Радолишта и „голф" управуван од У.У.(60) од с. Франгово. Во несреќата, возачот У.У. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струга, соопштија од полицијата. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.