Сообраќајка во скопско Булачани, еден загинат, тројца повредени

Вчера во полициска станица во Скопје во 16:45 часот била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на ул.„1“ во с.Булачани,скопско. Во неа учестувале „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(66) од Скопје, и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(30) од с.Црешево,скопско.

„Во несреќата возачот З.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде околу 20.30 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобиле Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка и уште една сопатничка од возилото „даеву матиз“ С.М.(61) од с.Булачани,скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“  и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.