Сообраќајка во Скопје - три лица со Брза помош однесени во болница

Вчера во 21:10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на  улицата „Лазар Личеновски“ се случила сообраќајна незгода.

Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „Опел aстра“, со скопски регистерски таблици, управувано од 26-годишниот Е.З. од Скопје, и патничко моторно возило „Фиат стило“ со скопски регистерски таблици, управувано од 37-годишниот М.С. од Скопје. По незгодата со возило на Итна медицинска помош М.С. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди. Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило 21-годишната Б.З. од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.