Сообраќајка во Скопје, повреден 74 годишен маж

Вчера околу 8:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Борис Сарафов“ патничко моторно возило „Рено Твинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од З.Б.(77) од Скопје удрило во пешак Д.П.(73) од Скопје кој по незгодата со возилото го напуштил местото на настанот.

Д.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.