Сообраќајка во Скопје: Мотор се заби во автомобил, двајца во болница

Петнаесетина минути по полноќ на патот Скопје-Арачиново се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот С.С. од Скопје и мотоцикл непозната марка без регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С.Е. од Скопје.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, во Ургентен центар Скопје бил пренесен возачот на моторот кој се здобил со тешки телесни повреди. Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил префрлен сопатникот на мотоциклот, 32-годишниот И.Љ. од селото Арачиново, на кој му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.