Сообраќајка во Скопје: Момче и девојка пренесени во Градска болница

Вчера во 15 часот и 45 минути на крстосницата од булевар „АСНОМ“ и улица „Февруарски Поход“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47- годишниот О.А од Скопје и патничко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19- годишниот А.М од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Сеат Ибица“ и 20- годишната М.С од Скопје, сопатничка во истото возило. информираат од МВР.

На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.