Сообраќајка во Скопје – маж пренесен на Клиника

Сообраќајна несреќа се случи вчера на крстосницата од улицата „Лука Геров“, улица Црногорска и улица “Марк Твен“.

Сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко моторно возили „Пежо 307“ со скопски регистерски ознаки управувано од 65-годишниот М.А. од Скопје и товарано моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 56-годишниот З.Љ. од Скопје. Од незгодата со повреди се здобил М.А. кој со возило на брза помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди и истиот бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил задржан на понатамошно лекување. З.М. бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување. 

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.