Сообраќајка во Петровец: 75-годишна скопјанка со „мерцедес“ се судри со мотоциклист

Возило управувано од 75-годишна скопјанка се судри со мотоцикл во скопски Петровец. 

Вчера во 11.20 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1“ во село Петровец, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 75-годишната О.Д. од село Мралино, скопско и мотоцикл марка „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(50) од село Петровец. Во несреќата А.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, известија од МВР. 

Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.