Сообраќајка во Охрид, тешко повреден велосипедист

На 04.10.2021 во 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Македонски просветители“ во Охрид, патничко возило „шкода“, управувано од М.С.(63) од Охрид, удрило во велосипед управуван од Д.Л.(59) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Л., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.