
Пешак настрада на улица во Кочани.
Вчера, околу 06:55 часот, на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „мазда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Л., удрило во пешакот Д.К., соопштија од МВР.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во болницата во Кочани, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.