Сообраќајка утрово во Маџари: Превртено едно возило, неколкумина повредени

Сообраќајна незгода се случи утрово во скопската населба Маџари, дознава Скопје Инфо.

Според информациите во незгодата едно возилото е превртено на коловозот, а неколку лица се повредени. Неофицијално причината за превртувањето е неприлагодена брзина на движење.

Несреќата се случила пред неколку минути, а во овој момент екипи на првата помош се на лица место на незгодата.  Сообраќајот се одвива отежнато и по една лента.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.