Сообраќајка помеѓу автобус со хрватски регистарски таблички и автомобил „киа“ која се случи утрово го закочи сообраќајот на три раскрсници пренесува „Слободен печат“
Додека инволвираните ја чекаа полицијата најпрво да пристигне, а потоа да направи увид, сообраќајот беше отежнат на крстосницата од улиците „Павел Шатев“, „Јордан Мијалков“, „Антон Панов“ и булевар „Кочо Рацин“.