Сообраќајка по полноќ во Скопје - Уапсен е Италијанец, три лица се повредни

Сообраќајна несреќа се случила по полноќ на една скопска раскрсница. Три лица се повредени при судир меѓу мотоцикл и возило управувано од Италијанец. 

Како што соопштија од МВР, денеска во 00:30 часот по полноќ во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов“ и ул.„Народен Фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „дачиа“ и неговиот сопатник И.А.(27) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и  Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.

По наредба на јавен обвинител, Џ.Ч. е лишен од слобода во врска со член 300 од Кривичниот законик.

Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.