Сообраќајна несреќа се случи пред малку во скопската населба Автокоманда во близина на базата на ЈСП, што доведе до голема гужва и застој во сообраќајот. Полицијата е на терен и се преземаат мерки за расчистување на несреќата, но движењето во овој дел од градот е ограничено.
Дополнително, дождот го зголемува метежот по улиците, па се препорачува да се избегнуваат овие делови на Скопје доколку тоа е можно. Граѓаните се советуваат за поголема претпазливост при возењето.
Според актуелното предупредување од УХМР, денес се очекува повремена магла и ниска облачност по котлините, како и повремени врнежи од дожд низ целата држава.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. На околните планини се очекуваат врнежи од снег.