Сообраќајка на влезот во Скопје предизвика километарска колона

Утрово околу 10 часот на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата на автопатот.

Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а засега се’ уште нема информации за повредени лица.