Сообраќајка на скопски булевар: Повреден 42-годишен возач

42-годишник од Скопје е повреден при судир меѓу две возила на скопски булевар. 

- На 01.04.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје е пријавено дек на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(59) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од Х.А.(42) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.