Сообраќајка на скопска улица - Тешко повреден мопедист

Скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера меѓу возило и мопед. 

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од село Ржаничино, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од  Ш.Ќ.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.