
38-годишен мотоциклист е тешко повреден во несреќа на скопска раскрсница.
- На 05.10.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Тодор Чангов“ и ул.„43“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Т.(38) од Скопје и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.