Сообраќајка на регионалниот пат Берово-Делчево, повредени две млади момчиња

Двајца млади возачи повредени при судир на возилата. 

На 28.11.2022 околу 18.05 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, во с.Чифлик, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од с.Тработивиште, делчевско и патничко возило „хјундаи галопер“ со беровски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26) од Берово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.С.(45) од с.Град, делчевско, сопатник во возилото „фиат пунто“, констатирани во Клиничка болница Штип, сооопшти полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово.