Сообраќајка на патот Скопје – Тетово, три лица пренесени на скопските клиники

Вчера околу 17.00 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај место викано „Глумовска кривина“, дошло до судир помеѓу патничко возило „Шкода Фабиа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (54) од с. Челопек, тетовско и патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М. (35) од с. Сарај, скопско.

Од ударот со повреди се здобиле двајцата возачи, како и С.А. (22) од с.Челопек, тетовско, сопатник од возилото „Шкода Фабиа“. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Кај А.А. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај А.М. и С.А. биле констатирани телесни повреди биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.