Сообраќајка на патот Гостивар - Кичево, тешко повреден скопјанец

Вчера околу 09.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Новоселски мост, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(70) од Скопје, изгубило контрола, излетало од коловозот и удрило во металната заштитна ограда.

Возачот С.П. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Гостивар.

По укажаната лекарска помош тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.