Сообраќајка на „Партизанска“: Тешко повреден 17-годишник

Седумнаесетгодишник е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 07.02.2026 во 23:20 часот било пријавено оти дошло до судир помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д. (25), и мопед со скопски таблички, кој го управувал 17-годишник. И двајцата учесници биле од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник кој се превезувал на мопедот, а повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.