Сообраќајка на локалниот пат во селото Ратае има и повредени

Вчера, на локалниот пат во селото Ратае, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила. Од несреќата три лица се повредени.

Како што стои во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 08.07.2022 во 07.30 часот на локалниот пат во с.Ратае, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Корса“, управувано од Р.П.(30) и патничко возило „Фиат Чинквеченто“, управувано од Љ.С.(54), двете со тетовски регистарски ознаки.

По несреќата, возачите Р.П., Љ.С. и сопатникот во возилото „Фиат“ А.Ј.(67), сите од с.Ратае, биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде на А.Ј. му  биле констатирани тешки телесни повреди, а на Р.П. и Љ.С. телесни повреди.

Увид извршила увидна екипа на СВР-Тетово.